Едноставен трик: Еве како да се решите од пајаците во куќата

Едноставен трик: Еве како да се решите од пајаците во куќата

Колку и да го чистите и да го уредувате својот дом, пајаците секогаш ќе најдат начин да влезат во вашата куќа и да пронајдат мирно место каде ќе плетат мрежа. За среќа, постои природен и безболен начин да се решите од нив.

Пајаците, како и многу други инсекти не го поднесуват мирисот на ментата, односно нане. Оваа билка има јак ароматичен мирис кој им одговара на луѓето, но е неподнослив за пајаците и разни инсекти.

Ако посадите мента во мали тегли и ги поставите низ домот во ќошевите, засекогаш ќе ги избркате пајаците.

Ако не сте од оние кои чуваат билки во домот, доволно е да се обидете со овој целосно природен производ.

Состојки:

  • 1,5 мала шолја вода
  • 1/2 мала шолја алкохолен оцет
  • 20 капки етерично масло од мента

Начин на подготовка:

  1. Во шише со распрскувач ставете вода и алкохолен оцет, па додајте етерично масло. Мешавината добро протресете ја.
  2. Пропрскајте ги местата зад ормарите, машината за миење задови, ќошевите во купатилото, односно сите места на кои се појавуваат пајаци.
  3. Оваа мешавина нема да ги уништи пајаците, но ќе ги држи подалеку од вашиот дом. Повторувајте ја постапката периодично.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text