Неодолив и кремав десерт: Кремисимо коцки

Неодолив и кремав десерт: Кремисимо коцки

Десерт во кој ќе уживате!

Состојки:

  • 600 гр бисквити со путер
  • 1 л млеко
  • 6 лажици шеќер
  • 2 пудинга од ванила
  • 2 лажици брашно
  • 3 лажици густин
  • 1 маргарин
  • 1 ванилин шеќер
  • 5 лажици какао
  • 100 гр чоколадо
  • чоко банани
  • 2 портокали
  • 1/2 л слатка павлака
  • 1 кремфикс

Начин на подготовка:

  1. Во млекото згответе шеќер, густин, брашно, пудинг и ванилин шеќер. Оставете да се излади, па додајте маргарин и поделете на три дела. Еден оставете го таков, во друг додајте какао, а во трет рендано чоколадо. 
  2. Исцедете ги портокалите, па во сокот потопете бисквити. 
  3. Редете бисквити, па фил од какао, потоа повторно бисквити, па чист жолт фил и на него ставете чоко банани, повторно бисквити и фил со чоколадо. 
  4. На крајот премачкајте со шлаг и добро изладете во фрижидер.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text