Брзо јадење од рерна: Сочни макарони одлични за ручек или вечера (Видео)

Брзо јадење од рерна: Сочни макарони одлични за ручек или вечера (Видео)

Одлична идеја за ручек или вечера…

Состојки:

  • 300 гр макарони
  • 250 гр сирење
  • 200 мл млеко
  • 3 јајца
  • сусам
  • 1 главица кромид
  • масло
  • зачин
  • црвен пипер
  • бибер
  • 200 гр шунка

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го кромидот и испржете го на масло. Додајте зачини и пипер.
  2. Макароните згответе ги. Сирењето изгмечете го, додајте едно јајце и измешајте, потоа половина од сирењето додајте го во макароните.
  3. Намастете тепсија со масло и ставете половина од макароните. Потоа додајте пропржена шунка, па остатокот од другиот дел од макароните. Во остатокот од сирењето додајте ги останатите две јајца и млеко. Прелијте преку макароните. Посипете со семки.
  4. Печете на 200 степени околу 30-35 минуити. Послужете топло.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text