Единствен, оригинален: Стар рецепт за феноменален компот од грозје

Единствен, оригинален: Стар рецепт за феноменален компот од грозје

Време е за најслаткото летно овошје – грозје, црно и бело, сочно и слатко. Ако сакате да го зачувате ова превкусно овошје за зима ова е вистинскиот рецепт за вас.

Состојки:

  • 5 кг бело грозје
  • 3,5 кг шеќер
  • 4 л вода
  • 2 конзерванси

Начин на подготовка:

  1. Грозјето исчистете го од петелки и добро измијте го. Теглите исто така измијте ги, па наполнете ги со грозје. Во длабок сад соединете вода и шеќер, па гответе додека шеќерот не се растопи, а водата не зоврие. 
  2. Во зготвениот сируп измешајте конзерванс и оставете да се излади. Залијте го грозјето со сируп, па теглите затварајте ги со целофан. 
  3. Дно од тенџере прекријте со кујнски крпи, наредете ги полните тегли и од горе прекријте ги со крпи. До половина на тенџерето ставете вода и гответе на умерен оган додека целофанот не се подигне. Кога целофанот ќе се подигне, теглите извадете ги од тенџере, и оставете ги да се изладат. Компотот може да се прави и од црно грозје и од мешавина од црно и бело грозје.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*