Француски рецепт за највкусни чоколадни еклери – филот ги прави посебни

Француски рецепт за највкусни чоколадни еклери – филот ги прави посебни

Еклерите се ист вид колачи како и принцес крофните, многу се вкусни и попууларни насекаде низ светот. Направете чоколадни и француски еклери.

Состојки:

  • 100 мл. масло
  • 200 мл. вода
  • 6 полни лажици брашно
  • 3 јајца

Фил:

  • 3 жолчки
  • 300 мл. млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 100 гр. чоколадо
  • 100 мл. слатка павлака

Подготовка:

  1. Се ставаат водата и маслото на оган, па се ладат откако ќе зовријат и се додава брашно со постојано матење.
  2. Смесата ќе стане густа, оставете ја да се лади.
  3. Во млаката смеса ставете две јајца и изматете, па потоа ако е прегусто ставете го и третото.
  4. Загрејте ја рерната на 200 степени и со шприц на плех со хартија вадете еклери.
  5. Нека се пеат 20-25 минути.
  6. Кога ќе се изладат се сечат на пола.
  7. Нека се вари млекото со жолчки, шеќер и брашно, па мешајте да се згусне и тргнете од оган.
  8. Додајте искршено чоколадо и мешајте.
  9. Изматете слатка павлака и додајте ја во оладениот крем со миксер.
  10. Се полнат еклерите со чоколаден фил па се поклопуваат.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

 

singlepost_text