Вкусна и лесна салата со пилешко и спанаќ.
Состојки:
- 300 гр спанаќ
- 1 чешне лук
- 2 моркови
- 2 парчиња пилешко филе
- 4 лажици маслиново масло
- 4 лажици путер
- 2 варени јајца
- 2 парчиња бел леб
- 2 лажици песто сос
- 2 лажици павлака
Начин на подготовка:
- Спанаќот исчистете го, измијте го, процедете го и испржете го на масло со едно чешне лук.
- Морковот обварете го, а месото измијте го, посолете и побиберете, па испржете го во тава на неколку лажици путер.
- Печеното месо, морковот и јајцата исечкајте ги на коцки.
- Во сад измешјате ги сите состојки, а на крај додајте павлака и песто сос по желба.
- Сервирајте со препечен леб исечкан на коцки.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути