Вкусна полнета пита по оригинален рецепт (Видео)

Вкусна полнета пита по оригинален рецепт (Видео)

Ако немате идеја што да подготвите за доручек, оваа пита е одличен избор.

Состојки:

  • 200 гр кисела павлака
  • 4 јајца
  • 6 лажици брашно
  • 6 лажици гриз
  • 1 прашок за печиво
  • 50 мл масло
  • 200 гр шунка
  • сол по желба
  • 150 гр сирење исечкано на коцки
  • 50 гр сирење на стапчиња
  • 1 лажица кечап

Начин на подготовка:

  1. Разматете белки, додајте жолчки, павлака, брашно и гриз со прашок за печиво, масло, 150 гр шунка, сечкано сирење на коцки па сè убаво измешајте. 
  2. 100 гр шунка исечкајте на тенки кругови. Секој круг премачкајте го со кечап, ставете стапче сирење и свиткајте. 
  3. Половина од тестото ставете го во плех со пречник од 22 см па наредете ги ролничките по тестото. Додајте ја другата половина од тестото, па протресете го плехот. 
  4. Печете на 200 степени 40 минути. Сечете кога ќе се излади.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

singlepost_text