Фантастично јадење без месо!
Состојки:
- 600 гр карфиол
- 7-8 пиперки
- зачин
- сол
- бибер
- 2 јајца
- 1 морков
- 1 пиперка
- 1 главица кромид
- 200 гр кисела павлака/кашкавал
- кругови домати
Начин на подготовка:
- На масло испржете ситно сечкан кромид, пиперка и морков. Карфиолот обварете го, па иситнете го. Пржениот кромид и павлаката додајте ги во карфиолот. Додајте зачини, сол и бибер, па добро измешајте.
- Пиперките измијте ги, извадете ги семките, расечете ги и полнете ги со фил. Затворете ги со кругови домати. Преку пиперките изрендајте кашкавал и малку намастете.
- Печете во рерна на 200 степени 30-40 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи