Јунешко во вино

Јунешко во вино

За следниот ручек ви предлагаме да направите јунешко во вино.

Состојки:

  • 1 кг јунешки шницли
  • презла по потреба
  • 1 дл црно вино
  • 2 јајца
  • 3-4 чешниња лук
  • масло
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Јунешките шницли посолете ги и побиберете ги. Посипете ги со презла. Разматете јајца. Шницлите извалкајте ги во јајца, па во презла, а потоа пржете ги во врело масло додека не фатат кора. 
  2. Месото ставете го во огноотпорен сад, залијте со вино и малку вода, така што месото ќе биде прекриено во течност. Додајте и две лажици масло. Секоја шницла посипете ја со лук и магдонос и посолете по желба. 
  3. Поклопете го садот и месото динстајте го во рерна 35 минути на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*