Сочно месо во сос – викенд деликатес кој мами со мирисот

Сочно месо во сос – викенд деликатес кој мами со мирисот

Направете вкусен ручек со јунешко и сос.

Состојки:

  • 600 гр. јунешко месо
  • 3 кромида
  • 2 чешни лук
  • 1 дл. бело вино
  • 2 дл. доматно пире
  • 2 лажички мелен пипер
  • сол
  • бибер
  • брашно
  • масло

 

Подготовка:

  1. Се сече месото на делови и се удира добро со чекан.
  2. Се става сол и бибер, па се валка од една страна месото во брашно и се пржи на тава со масло.
  3. Потоа откако месото убаво ќе се испржи од две страни, се става во подмачкан огноотпорен сад.
  4. Во маслото се пржат кромид и лук со вино, зачините и доматно пире.
  5. Се става сосот горе и се пече месото покриено со фолија на 180 степени еден час.

 

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*