Еве како да направите идеално тесто за пица: Рецептот е оригинален, а пицата совршена

Еве како да направите идеално тесто за пица: Рецептот е оригинален, а пицата совршена

На интернет објавен е рецепт за тесто за пица од една од позната пицерија. Рецептот е оригинален, а пицата совршена…

Состојки:

  • 1/2 кг брашно
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 5 гр сув квасец
  • 0,3 дл млеко
  • 2,3 дл вода
  • 0,3 дл маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Половина килограм брашно ставете во еден сад. Потоа по ред додадете ги состојките: две лажички сол, една лажичка шеќер, 5 грама сув квасец (нешто помалку од цела вреќичка вообичаено пакување од 7 грама). Кога сте готови со сувите состојки, додајте ги останатите – 0,3 дл. млеко, 2,3 дл. вода и 0,3 дл. маслиново масло. 
  2. Измешајте ги сите состојки во садот додека не добиете форма на тесто, а потоа продолжете да месите на глатка површина. 
  3. Глатката површина на која го месите тестото задолжително наросете ја со брашно. 
  4. Откако ќе го замесите тестото, вратете го во садот, покријте го со чиста крпа и оставете го да одмара на топло околу еден час. 
  5. Тестото растегнете го на побрашнета површина, а потоа поставете ги саканите состојки.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text