Чоколаден десерт со малини

Чоколаден десерт со малини

Уживајте во освежувачкиот вкус на малини во кремаста мешавина од грчки јогурт, крем и чоколадо.

Состојки:

  • 200 гр чоколадо
  • 100 гр смрзнати или свежи малини
  • 500 гр грчки јогурт
  • 3 лажици мед

Начин на подготовка:

  1. Искршете чоколадо на мали парчиња па растопете на пареа. Кога ќе се растопи, изладете десетина минути. Додека чоколадото се лади, ставете по неколку малини во чаши, а во посебна чинија измешајте јогурт и мед.
  2. Кога чоколадото ќе се излади, брзо измешајте го во смесата со јогурт. Добро измешајте, па ставете во чаши преливајќи преку малините.
  3. Изладете во фрижидер пред послужување, а од горе можете да изрендате и малку чоколадо.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*