Од Грузија на вашата трпеза: Повкусно од пица, тесто полно кашкавал

Од Грузија на вашата трпеза: Повкусно од пица, тесто полно кашкавал

Директно од Грузија на вашата трпеза дома. Ова не е пица туку леб полн кашкавал и тесто кое се топи во уста.

Ачарули Хачапури е неговото име, а е традиционално полнет леб во Грузија.

Состојки:

  • 6 јајца
  • 1 шолја вода
  • 2,5 шолји брашно
  • 1 лажиче сода
  • 1 лажиче сол
  • 250 гр. путер
  • 300 гр. кашкавал
  • 250 гр. сирење

 

Подготовка:

  1. Се сее брашното и се додаваат четири јајца со вода со сол и сода, па се меси тесто, кое се дели на 4 топки кои се оставаат да нараснат.
  2. Се расукува секоја топка тесто и се става доста вода во тенџере, па се ставаат корите да се сварат.
  3. Се вари секоја кора две три минути, па се вади и се става во сад со ладна вода.
  4. Потоа се става на чиста крпа.
  5. Се подмачкува тепсија округла како за пица со путерот и се става првата кора, па путер, па втората кора, па кашкавал и сирење рендани и путер стопен.
  6. Се ставаат и другите две кори со иста постапка.
  7. Горе се става доста кашкавал и сирење и путер и се прелива со изматените две јајца и путерот кој ќе ви остане.
  8. Се пече 20 минути на 180 степени.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*