Ќе замириса цела куќа: Мекици со јогурт готови за 10 минути – одличен доручек

Ќе замириса цела куќа: Мекици со јогурт готови за 10 минути – одличен доручек

Подгответе вкусни мекици за доручек – се прават за 10 минути, а се јадат уште побрзо!

Состојки:

  • 500 мл млеко
  • 1 квасец
  • 1 прашок за печиво
  • 4 јајца
  • 1 лажица сол
  • 200 мл јогурт
  • 1 кг брашно

Начин на подготовка:

  1. Ставете брашно, јајца, прашок за печиво, сол и млеко со квасец и замесете тесто како за кифли, да не е тврдо. Добро измесете и ставете во вангла намастена со масло. 
  2. Тестото прекријте го со најлонска фолија намастена со масло од едната страна, за тестото да не ви се лепи за фолијата. Ставете во фрижидер. Вака подготвеното тесто стои и до неколку дена во фрижидер. 
  3. Кога ќе сакате да пржите мекици, извадете го тестото и со раце правете мекици – развлечете ги потенко. Во сад за пржење ставете масло да се загрее и пржете ги мекиците.

Послужете ги со сирење и уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*