Колач со мед, џем и цимет – за слави, родендени или гости

Колач со мед, џем и цимет – за слави, родендени или гости

Направете вкусен колач за своите најмили или за гости.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 200 гр. интегрално брашно
  • 300 гр. пченично брашно
  • 160 гр. шеќер
  • 150 гр. маргарин
  • 200 гр. мед
  • 3 јајца
  • 3 лажички цимет
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 200 гр. чоколадо
  • 5 лажици масло
  • џем од кајсии

Подготовка:

  1. Се мешаат сите суви состојки, двата вида брашно, цимет и сода бикарбона.
  2. Пенасто се мати маргаринот со мед и шеќер и едно по едно јајце.
  3. Се става смесата во сувата смеса.
  4. Се меси тесто, се дели на два дела и се остава во ладилник околу час или два.
  5. Тенко се развлекува потоа, се премачкува со џем.
  6. Се пече на 180 степени 15 минути.
  7. Се прелива со чоколадо растопено со маслото.

 

Повеќе десерти на Готви.мк:

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

singlepost_text