Нема да и одолеете: Мека погача по рецепт на нашите баби (Видео)

Нема да и одолеете: Мека погача по рецепт на нашите баби (Видео)

Нема ништо поубаво од мирисот на врела погача рано наутро…

Состојки:

  • 600-700 гр брашно тип 500
  • 1 коцка квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол
  • 200 мл млеко
  • 200 мл вода
  • 100 гр маст

Начин на подготовка:

  1. Потопете го квасецот во малку млака вода и додајте шеќер. Квасецот ставете го во вангла, додајте вода и млако млеко, малку брашно, сол и остатокот од брашното и замесете меко тесто. 
  2. Покријте и оставете 30 минути да одмара. Разматете маст да биде пенаста и да побели. Кога тестото ќе нарасне развлечете го во правоаголник, премачкајте го со маст и преклопете како за лиснато тесто. Оставете да одмори околу 15 минути. 
  3. Така направете 4 пати а потоа преклопеното тесто ставете го во намастена тепсија со големина од 24 см. 
  4. Оставете да нарасне и премачкајте малку од горе маст и печете на 180 степени околу 35 минути да порумени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text