Пилешки медаљони со шунка и сирење

Пилешки медаљони со шунка и сирење

Вкусни пилешки медаљони со шунка и сирење.

Состојки:

  • 1 кг пилешки гради
  • малку зачин
  • 200 мл кисела павлака Пекабела
  • 2 лажички сенф
  • 2 лажички мајонез
  • 300 гр шунка Пекабеско
  • 300 гр трапист сирење
  • бибер
  • брашно
  • јајца
  • презла
  • 2-3 обланди

Начин на подготовка:

  1. Месото исечкајте го во шницли и исчукајте ги да бидат доста тенки, посипете со зачин и оставете да отстојат половина час. 
  2. Во меѓувреме во сад измешајте павлака, сенф, мајонез, бибер, шунка исечкана на коцки и крупно рендано сирење. 
  3. Обландите ставете ги меѓу влажни крпи да омекнат, наредете шницли, премачкајте со фил и свиткајте. Ролатите ставете ги три часа во замрзнувач. 
  4. Заледените ролати исечкајте ги на ширина од еден прст и поховајте ги на умерен оган.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*