По желба од горе можете да ги нашарате со бело чоколадо или посипете со мелени кикирики.
Состојки:
- 250 гр бисквити
- 150 гр кикирики
- 1/4 маргарин
- 8 лажици шеќер
- 2,5 дл млеко
- 100 гр млечно чоколадо
- 1 лажица масло
Начин на подготовка:
- Ставете млеко, шеќер и маргарин да зоврие. Тргнете од оган па додајте мелени бисквити и мелени кикирики. Сè добро соединете и измешајте. На тацна или даска ставете фолија па топлата смеса со сукало раширете ја на дебелина од 2 см. Оставете во фрижидер да се излади и стегне барем два часа.
- Откако ќе се излади, извадете па отсечете ги краевите, па дури потоа сечете на коцки, сите да бидат убави и еднакви.
- Растопете чоколадо со масло па сè убаво измешајте. Земете чепкалка па потопете ја во чоколадо, забодете коцка и потоа потопете ги коцките во чоколадо, па чепкалката забодете ја во парче стиропор. Така нема да останат траги од прсти и нема да остане неискористено чоколадо.
- По желба од горе можете да ги нашарате со бело чоколадо или посипете со мелени кикирики.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта