Спасете ги загорените тенџериња со едноставен трик, еве и како (Видео)

Спасете ги загорените тенџериња со едноставен трик, еве и како (Видео)

Колку пати ви се случило да ви загори ручекот? Со помош на овие едноставни трикови вратете го стариот сјај на загорените тенџериња.

Во загорено тенџере зовријте три прсти вода во која сте раствориле малку прашок за печиво – и загорениот дел на тенџерето ќе го отстраните многу лесно. Кај тенџерињата кои се многу загорени ставете и малку детергент, па добро истријте со жица.

За вториот начин за чистење ќе ви бидат потребни три лажици оцет, 1 лажица сода бикарбона и две шолји вода. Во тенџере ставете вода и додајте оцет. Потоа ставете го на рингла и оставете да зоврие. Тенџерето тргнете го од рингла и ставете во него сода бикарбона. Испразнете го тенџерето и истријте го со сунѓер со грубата страна. Ако не излегува, користете и жица, а можете да додадете уште малку сода бикарбона.

Третиот начин е садот да го наполните со вода и да го ставите на врела рингла. Во водата ставете две до три лажички прашок за перење алишта или коцка за миење садови во машина. Загорените остатоци ќе исчезнат за миг. Погледнете го видеото…

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*