Колач кој ги надмина и светските: Богат фил, банани и чоколадо

Колач кој ги надмина и светските: Богат фил, банани и чоколадо

Домашен рецепт кој ги надмина и странските и сите останати.

Состојки:

  • 9 јајца
  • 9 лажици шеќер
  • 9 лажици мелени ореви
  • 2 лажици брашно
  • ½ прашок за пециво

Фил:

  • 1 л. млеко
  • 2 пудинга од ванила
  • 4 лажици брашно
  • 2 кеси ванилин шеќер
  • 250 гр. путер
  • 2 лажици шеќер во прав

Горе:

  • 120 гр. чоколадо
  • 80 гр. путер
  • 8 лажици слатка павлака
  • уште 6 банани
  • 1 лимон (сок)

 

Подготовка:

  1. За тесто се двојат белките и се матат во цврст снег, се додава шеќер и едно по едно жолчките, па се мати да се добие густа маса.
  2. Се ставаат брашо и ореви и прашок за пециво, па се става смесата во плех и се пече на 180 степени.
  3. Се лади, па се сече на два дела тестото.
  4. Се мешаат за фил брашното со пудинзите и шеќер и млеко, а остатокот од млекото се вари и потоа се додава смесата.
  5. Се лади и се меша да не фати кора.
  6. Се мати пенасто путерот со шеќер во прав и се додава во пудингот постепено.
  7. Се става на чинија едниот дел од тестото, па половина фил, па тесто, па фил.
  8. Се лупат бананите се сечат и се прскаат со лимонов сок.
  9. Се ставаат горе, па се растопува чоколадото со павлаката и се става на нив.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

singlepost_text