Секој залак се топи во уста: Сочна и неодолива баклава со сливи и ореви (Видео)

Секој залак се топи во уста: Сочна и неодолива баклава со сливи и ореви (Видео)

Секој залак од овој вкусен десерт се топи во уста…

Состојки:

  • 600 гр сливи
  • 1/2 кг тенки кори
  • 150 гр ореви
  • 4-5 јајца
  • 4-5 лажици гриз
  • 1 лимон
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 600 гр шеќер
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 200 мл јогурт
  • 50 мл масло

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца, додајте гриз и ореви, јогурт, прашок за печиво, масло и сè убаво изедначете. 
  2. Раширете ја првата кора на маса и намастете, преку неа втората кора премачкајте ја со фил. 
  3. Потоа третата и четвртата кора премачкајте ја, па на дното од кората наредете исчистени сливи. Свиткајте ги рабовите и свиткајте во ролна. Редете во плех додека не го потрошите материјалот. 
  4. Со нож пресечете ја баклавата на парчиња, па прелијте со малку загреано масло. Ако останал фил исто така премачкајте го. Печете на 200 степени 40 минути. Прекријте ја баклавата на половина од печењето. 
  5. Во шеќер ставете 300 мл вода, исечкајте лимон и ставете да зоврие за шеќерот да се растопи, па со врелиот сируп прелијте ја баклавата и уште малку просечете ја со нож да впие. Послужете ја изладена. Вака сочна баклава се уште не сте пробале…

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете го во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*