Уштипци од карфиол

Уштипци од карфиол

Вкусни уштипци од карфиол…

Состојки:

  • 300 гр карфиол
  • 100 гр кашкавал
  • 50 гр презла
  • 1/2 лимон
  • 5 јајца
  • сол
  • бибер
  • 1/2 лажичка лук во прав

Начин на подготовка:

  1. Карфиолот исчистете го, измијте го, па изрендајте го на крупно ренде и оставете добро да се исцеди. Жолчките одвојте ги од белките, па белките разматете ги во цврст снег. Во жолчките додајте зачини, презла, кора од лимон, рендан кашкавал и карфиол, па сè добро соединете. 
  2. На крај додајте снег од белки и сè добро соединете. Ставете во плех обложен со хартија за печење и премачкан со масло формирајќи мали лепињи. 
  3. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 25 минути, а потоа свртете на другата страна, премачкајте со масло и продолжете со печење уште десетина минути. Послужете додека е топло со јогурт, кисело млеко, кефир или свеж зеленчук.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*