Грчка крем салата со тестенини, пилешко и фета

Грчка крем салата со тестенини, пилешко и фета

Грчка салата со тестенини и пилешко е одлична опција за ручек или пак вечера, а се јаде во секоја доба од годината.

Освежува, вкусна е и дава енергија.

Секоја кујна има нешто по што е посебна и специфична, а кај Грците се издвојува оваа салата.

Состојки:

  • 400 гр. ситни тестенини
  • 2 парчиња пилешко месо
  • 1 тиквичка
  • 1 кромид
  • 250 мл. павлака за готвење
  • 5 лажици кисела павлака
  • 200 гр. фета
  • 180 гр. јогурт
  • малку оригано
  • малку власец

Подготовка:

  1. Се ситни пилешкото и се пржи на тава со масло, за да се зарумени од сите страни.
  2. Се пржи на масло сечениот кромид на друга тава, па тиквичката излупена и сечена на коцки, и потоа се мешаат месото и тиквичките.
  3. Се додава павлака за готвење, јогурт и зачини, па 1-2 дл. вода ако е прегусто.
  4. Се варат тестенините во солена вода, се цедат и се додаваат.
  5. Се додава на крај киселата павлака и сирењето на ситни коцки.
  6. Се меша и се служи, превкусна е.

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Највкусна мимоза салата

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

singlepost_text