Се топи во уста: Неодолив лешник колач со пудинг (Видео)

Се топи во уста: Неодолив лешник колач со пудинг (Видео)

Едноставен, брз и вкусен колач кој се пече со пудинг. Можат да се користат и други вкусови од наведените.

Состојки:

  • 1 л млеко
  • 120 гр пудинг од лешник
  • 5 лажици шеќер (за пудинг)
  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 50 гр растопен маргарин
  • 100 мл млеко
  • 250 гр брашно
  • прашок за печиво
  • 100 гр лешници (крупно мелени)
  • 200 мл слатка павлака
  • 30 гр маргарин
  • 200 гр чоколадо
  • 50 гр лешници за украсување

Начин на подготовка:

  1. Во 200 мл млеко измешајте пудинг и шеќер па згответе во останатите 800 мл млеко. Пудингот оставете го да се излади. 
  2. Пенасто разматете белки со шеќер. Додајте жолчки, кратко матете па со лажица измешајте млеко, растопен маргарин, брашно, прашок за печиво и лешници. Ставете во обложен плех (30х20 см), со лажица спуштајте парчиња пудинг и печете на 200 степени околу 30 минути. 
  3. Згответе слатка павлака, маргарин, чоколадо и премачкајте преку колачот (врело чоколадо преку млак колач). Посипете со лешници и оставете да стегне, па исечете коцки по желба.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text