Брза гибаница со блитва – внатре мека како перниче

Брза гибаница со блитва – внатре мека како перниче

Вкусна и брза гибаница со блитва која е мека како душа, а за неа не е потребно долго да е вклучен шпоретот.

Состојки:

  • 500 гр. кори за пита
  • 400 гр. сирење
  • 1 дл. јогурт
  • 1 дл. кисела вода
  • 4 јајца
  • 1 дл. масло
  • 300 гр. блитва

Подготовка:

  1. Се матат јајцата со јогурт и кисела вода и малку сол по вкус.
  2. Се става една третина од корите во подмачкан плех, па се става масло на секоја кора, односно се прска со масло.
  3. Се става половина иситнето сирење и сечена блитва, па се повторува постапката додека има смеса.
  4. Се става горе смесата со јајцата и се пече на 180 степени половина час.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Гибаница на шумадиски начин

Преку 20 мафини од една смеса

Бургер погачи

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

singlepost_text