Густа и кремаста чорба од компири и печурки

Густа и кремаста чорба од компири и печурки

Густа, кремаста и „сита“… идеална чорба од компири и печурки!

Состојки:

  • 400 гр шампињони
  • 1 главица кромид
  • 1/2 кг компири
  • 25 гр путер
  • неколку листови мајоран
  • 1 л бујон
  • 75 гр намаз од свежо сирење со печурки
  • сол
  • крупно мелен бибер

Начин на подготовка:

  1. Печурките исечете ги на листови, а кромидот на коцки. Компирите излупете ги и исечкајте ги на коцки. 
  2. Во лонец загрејте путер па продинстајте кромид. Потоа измешајте печурки и динстајте уште три минути. 
  3. Додајте коцки компири, долијте бујон (или вода и сув зачин од зеленчук) па на средно силен оган гответе околу 15 минути (компирите да омекнат). 
  4. Измиксајте ја чорбата со миксер, измиксајте намаз од сирење, зачинете со сол и бибер, украсете за послужување со печурки и зачински билки.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text