Летен оброк: Вариво со тиквици

Летен оброк: Вариво со тиквици

Вкусно и едноставно јадење кое ќе ги воодушеви сите домашни!

Состојки:

  • 1 кг млади тиквици
  • 1 главица кромид
  • 1 веза магдонос
  • 3 дл јунешка супа
  • 2 дл павлака
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица брашно
  • мешавина од зачини

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците излупете ги и исечкајте ги на коцки, а магдоносот и кромидот ситно исечкајте ги. На малку масло пропржете го кромидот додека не стане стакласт, а потоа додајте тиквици и динстајте со повремено доливање супа додека не омекнат. 
  2. Динстаните тиквици зачинете ги по вкус, додајте магдонос и павлака и посипете со малку брашно и кратко згответе за масата да се згусне.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула