Наполи пица

Наполи пица

Италијански специјалитет на вашата трпеза.

Состојки за тесто:

  • 250 гр брашно
  • 20 гр квасец
  • малку млеко
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол
  • 30 мл масло

Состојки за фил:

  • 3 лажици масло
  • 300 гр домати
  • 100 гр моцарела
  • сол
  • бибер
  • босилек
  • мајчина душица

Начин на подготовка:

  1. Брашното ставете го во сад и во средината направете дупка. 
  2. Издробениот квасец замесете го со малку млако млеко, шеќер и брашно и оставете 30 минути да се подигне. 
  3. Потоа со брашното и останатите состојки замесете во глатко тесто и оставете повторно да се подигне. 
  4. Ставете го тестото во намастен плех па со намастени раце раширете и прекријте со фил. 
  5. Тестото прекријте го со кругови домати, зачинете, а од горе распоредете парчиња сирење. Прелијте со масло и печете 22 минути на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*