Рецепт за оригинал интерконтинентал торта

Рецепт за оригинал интерконтинентал торта

Доколку имате важна веселба или едноставно сакате да направите една од оние стари вистински торти, овој десерт е одличен избор за вас.

Состојки за кора:

  • 12 белки
  • 12 лажици шеќер
  • 18 лажици мелени ореви
  • 3 лажици брашно

Состојки за фил:

  • 12 жолчки
  • 8 лажици шеќер
  • 13 лажици брашно
  • 1 л млеко
  • 1 маргарин
  • 150 гр шеќер во прав
  • 150 гр мелени ореви

Начин на подготовка:

  1. Направете три кори: Разматете по 4 белки, 4 лажици шеќер, 6 лажици мелени ореви и 1 лажица брашно. Кога сè добро ќе се соедини ставете во намастен плех и печете на 200 степени околу 20 минути секоја кора. 
  2. За филот разматете 12 жолчки, 8 лажици шеќер, 13 лажици брашно. Сè разматете и додајте во 1 л млеко и згответе. Кога кремот ќе се излади додајте 1 маргарин претходно пенасто разматен со 150 гр шеќер во прав. Добро измиксајте и поделете ја масата на 3 дела. 
  3. Во првиот дел додајте 150 гр мелени или сечкани ореви. 
  4. Во вториот дел додајте 150 гр топено чоколадо. 
  5. Во третиот дел додајте 100 гр кокос. 
  6. Филувајте: Кора, па првиот дел од филот, повторно кора, па вториот дел од филот, повторно кора, па третиот дел од филот. 
  7. Од горе тортата украсете ја по избор, со шлаг, чоколадни трошки или мелени ореви.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text