Многу зеленчук и ќофтиња – нов ручек деликатес кој мора да се проба

Многу зеленчук и ќофтиња – нов ручек деликатес кој мора да се проба

Направете вкусен ручек за цело семејство, идеален е особено за викенд уживање.

Многу зеленчук, ќофтиња и супер вкус.

Состојки:

  • 500 гр. моркови
  • 4 лажици маргарин
  • 1 шолја вода
  • сол
  • бибер
  • 460 гр. грашок
  • 1 ипол лажица брашно
  • магдонос

Ќофтиња:

  • 400 гр. мелено месо
  • 1 парче леб
  • 2 јајца
  • сол
  • бибер
  • црвен пипер
  • 4 лажици пармезан

Подготовка:

  1. Се лупи кромидот, се сече на кругови и се пржи додека не порумени, па се лупи и морковот, се сече на кругови и се додава.
  2. Се става по малку вода.
  3. Кога ќе омекне морковот се ставаат сол и бибер, па се динста 10 минути.
  4. Се обарува и грашокот, па се става во садот, а потоа се става брашно и магдонос.
  5. Меленото месо се става во сад со растопениот леб во вода, јајца и кромид, сол, бибер и црвен пипер.
  6. Се прават ќофтиња од смесата.
  7. Се пржи секое ќофте додека не порумени.
  8. Се става во плех зеленчукот, па се редат ќофтињата и кратко се запекува, или едноставно послужете ги ќофтињата со зеленчукот горе.

 

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

 

 

singlepost_text