Макарони на сицилијански начин

Макарони на сицилијански начин

Вкусни макарони по единствен сицилијански рецепт…

Состојки:

  • 400 гр макарони
  • 400 гр зрели домати
  • 300 гр модар патлиџан
  • 4 лажици маслиново масло
  • лук
  • босилек
  • магдонос
  • сол
  • бибер
  • 1 лажица зачин

Начин на подготовка:

  1. Патлиџаните измијте ги и исечкајте ги на коцки, посолете и оставете да отстојат околу половина час. 
  2. Доматите излупте ги и отстранете ги семките, па исечкајте ги на коцки. Лукот исечкајте го или изгмечете го и кратко продинстајте го на маслиново масло: Додајте измиени и исушени патлиџани па динстајте околу 5 минути. Потоа додајте домати, исечкан босилек, исечкан магдонос, бибер, зачин и заедно динстајте околу 15 минути. 
  3. Макароните згответе ги во солена вода, исцедете ги и измешајте ги во сосот од патлиџани. 
  4. Топлите макарони на сицилијански начин посипете ги со рендан пармезан и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

singlepost_text