Тече павлака, се топи кашкавал: Пилешко во кремав сос

Тече павлака, се топи кашкавал: Пилешко во кремав сос

Вкусно месо со кремав сос за сите сетила.

Состојки:

  • 500 гр. пилешко месо
  • 1 кромид
  • 2 чешни лук
  • 100 гр. маргарин
  • 200 гр. павлака за готвење
  • 200 гр. кашкавал
  • ½ сок од лимон
  • сол
  • бибер

Подготовка:

  1. Се сече и динста на маргаринот кромидот, па се додава ситно сечениот лук и се динста.
  2. Се додава павлаката со рендан кашкавал и се остава да зоврие со мешање, па се ставаат зачини.
  3. Пилешкото се сече на коцки и се запржува па се става малку сок од лимон и се прелива со сосот.

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

 

singlepost_text