Полнети пиперки во кајмак

Полнети пиперки во кајмак

Вкусни полнети пиперки во кајмак – брз и лесен ручек!

Состојки:

  • 4 меснати црвени пиперки
  • 200 гр печено бело пилешко месо
  • 100 гр ситно сечкана шунка Пекабеско
  • 100 гр домашен колбас
  • 1 шолја интегрален ориз
  • 100 гр црвен кромид
  • пипер
  • сол
  • бибер
  • зачин
  • 1 јајце
  • 1 домат
  • масло
  • магдонос
  • 150 гр кајмак

Начин на подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го, пропржете го на масло и додајте ориз, малку пропржете, налијте вода, зачинете со зачин и гответе поклопено на тивок оган додека водата не испари. Пропржете го месото од колбасите и шунката, додајте сечкано бело пилешко месо да се соедини. Малку измешајте на оган, додајте пипер, сол и бибер, по вкус. 
  2. Тргнете од шпорет, малку изладете, измешајте јајце и додајте обварен ориз и малку магдонос. 
  3. Сè добро измешајте и полнете ги пиперките, претходно измиени и исчистени од семки и петелки и затворете ги со парчиња домати. Во намастена тепсија наредете ги полнетите пиперки, малку намастете ги и печете ги на 200 степени. Кога пиперките ќе се испечат, извадете ги од рерна, прелијте ги со растопен кајмак и запечете ги уште пет минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт