Колач со наполитанки и чоколадо – крцка во уста

Колач со наполитанки и чоколадо – крцка во уста

Вкусен колач со наполитанки кој крцка и се топи во уста.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 6 белки
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици ореви
  • 3 лажици брашно
  • пола прашок за пециво

Крем:

  • 1 л млеко
  • 3 пудинга од ванила
  • 3 лажици густин
  • 6 жолчки
  • 200 гр шеќер
  • 200 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо млечно
  • 150 гр наполитанки

Подготовка:

  1. За бисквитот се мати снег од белките и се додава шеќер, па потоа се додваат и со жица се мешаат брашното со прашокот за пециво и оревите.
  2. Се става да се пече во плех на 200 степени.
  3. Се вари пудинг според упатството за кремот, се става густинот и жолчките во пудингот, па кога ќе се излади и маргаринот.
  4. Се дели на два дела кремот, а во едниот се става растопено чоколадо, во другиот наполитанки ситно скршени.
  5. Се премачкува кремот со наполитанки на кората, па со чоколадо и се украсува по желба.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Брзи чоколадни кекси

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

 

singlepost_text