Летно јадење: Тиквици во тесто од пиво со доматен сос

Летно јадење: Тиквици во тесто од пиво со доматен сос

Подгответе го овој здрав зеленчук на единствен начин и воодушевете ги гостите и домашните.

Состојки:

  • 2 поголеми тиквици
  • 2 јајца
  • сол
  • бибер
  • малку пиво
  • брашно за валкање
  • 3 домати
  • 3 чили пиперчиња
  • маслиново масло
  • лук
  • сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте ги тиквиците на ленти по должина. Посолете и побиберете по вкус. 
  2. Во еден сад ставете малку брашно, додајте 2 јајца и пиво. Со жица за матење соединете ги состојките. Масата треба да биде погуста од онаа за палачинки. Тиквиците потопете ги во оваа смеса и пржете ги во претходно загреана тава во длабоко масло, околу 3 минути од двете страни. 
  3. Направете црвен сос: Исечкајте домати на коцки, заедно со 2 чешниња лук. Зачинете со сол, маслиново масло и чили пиперчиња. Послужете со подготвените тиквици и уживајте!

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text