Гозба од сирење: Солени мафини

Гозба од сирење: Солени мафини

Солени мафини со богат фил од сирење.

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 3 јајца
  • 1 чаша кисела павлака
  • 300 гр сирење
  • 1 дл масло
  • 1 дл млеко
  • 1 прашок за печиво
  • сол
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Корите за пита свиткајте ги во ролна и исечете на парчиња со ширина од два сантиметри. Со раце растресете ленти за да не се залепат.
  2. Направете фил од јајца, кисела павлака, сирење, млеко, масло, сол и прашок за печиво.
  3. Во филот додајте исечкани резанки од кори за пита и измешајте.
  4. Намастете плех за мафини со маргарин, ставете од смесата, посипете со сусам и печете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text