Еден од најпопуларните десерти на Интернет: Готов за 15 минути

Еден од најпопуларните десерти на Интернет: Готов за 15 минути

Направете планински чоколадни врвови за петнаесет минути.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 240 гр бисквити
  • 150 гр чајни колачи
  • 2 лажици какао
  • 125 гр растопен маргарин
  • 5 лажици слатко по избор
  • 1 лажиче рум
  • 50 гр суво грозје
  • 1 шолја мелени ореви
  • 3 лажици млеко

Глазура:

  • 200 гр црно чоколадо
  • 200 мл слатка павлака
  • кокос

Подготовка:

  1. Се потопува сувото грозје во 50 милилитри топла вода да омекне, а бисквитите ситно се кршат.
  2. Се ставаат бисквитите во сад со какао, ореви, искршени чајни колачи, млеко и слатко, како и исцедено суво грозје.
  3. Се измесете со рака, па растопете маргарин и додајте го.
  4. Месете додека не добиете влажна и леплива смеса.
  5. Покријте со фолија и стегнете во ладилник.
  6. Растопете чоколадо со павлака, па извадете ја сместаа, направете форми како врвови, ставете глазура и горе кокос.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

 

 

 

singlepost_text