Брз ручек: Неодолива мусака со сирење

Брз ручек: Неодолива мусака со сирење

Има денови кога сакате ручекот да биде готов што побрзо и во него да не вложувате премногу труд, а ова е идеален рецепт за тие денови…

Состојки:

  • 2,5 кг компири
  • 2 дл млеко
  • 3 дл кисела павлака Пекабела
  • 2 главици кромид
  • 50 гр тврдо сирење
  • ловоров лист
  • 1 чешне лук
  • путер
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете млеко и додајте лук и ловоров лист, гответе 2-3 минути, а потоа лукот и ловорот извадете ги, а млекото оставете го да се излади. Потоа во млекото додајте кисела павлака и малку посолете. 
  2. Компирите исечкајте ги на тенки кругови. Подлабок сад за печење премачкајте со путер. На дното наредете кругови компири, потоа додајте динстан кромид, а потоа повторно наредете компири и зачинете со бибер и сол. Потоа во компирите ставете го млекото со павлака. 
  3. Садот прекријте го со алу фолија и ставете го во загреана рерна на 180 степени 45 минути. 
  4. Потоа изрендајте сирење, па вратете ја мусаката во рерна на уште неколку минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text