„Лудо“ тесто: Може да стои со денови, а идеално е за кифли, пица, погача…

„Лудо“ тесто: Може да стои со денови, а идеално е за кифли, пица, погача…

Ова тесто може да се користи за разни јадења, а може долго да стои во фрижидер. Едноставно, практично и најдобро од сè меко и вкусно!

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 500 мл млако млеко
  • 200 мл јогурт
  • 2 јајца
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 коцка квасец

Начин на подготовка:

  1. Просејте килограм брашно и направете вдлабнатина. Во таа вдлабнатина ставете млако млеко и издробете квасец и посипете со шеќер. Измешајте со малку брашно и оставете квасецот да нарасне. Додајте ги сите останати состојки и замесете глатко тесто. 
  2. По потреба додајте уште малку брашно сè додека тестото не престане да ви се лепи за раце. Прекријте го тестото со крпа и оставете го убаво да нарасне.
  3. Од ова тесто можете да правите погачи, кифли, пица… што и да посакате. Ако не го потрошите замотајте го тестото најлонска кеса и оставете го во фрижидер и до неколку дена.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text