Појадок за буквално 15 минути: Лиснато со печурки

Појадок за буквално 15 минути: Лиснато со печурки

Направете вкусен појадок кој мами со мирисот.

Навистина одличен за сите љубители на печурки.

Состојки:

  • 300 гр. брашно
  • 150 гр. маргарин
  • ½ л. кисела павлака
  • 2 јајца
  • 1 дл. масло
  • сол
  • 250 гр. шампињони
  • 1 главица кромид

Подготовка:

  1. Брашното со маргаринот, киселата павлака и едно јајце се мешаат и се добива лиснато тесто.
  2. Се пржи на масло ситно сечениот кромид, се додаваат убаво измиените и исечени печурки и сол.
  3. Се додава на крајот на пржењето и павлаката и се лади.
  4. Се развлекува тестото и се сече на квадрати.
  5. Се става малку фил со лажица, па ивиците се премачкуваат со едно јајце, па се преклопуваат да се добие пакетче.
  6. Се премачкуваат и горе со разматено јајце и се ставаат во плех на 15 минути да се печат на 200 степени.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Преку 20 мафини од една смеса

Бургер погачи

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

 

 

 

singlepost_text