Шарен и кремаст ролат со малини (Видео)

Шарен и кремаст ролат со малини (Видео)

За кратко време направете одличен ролат!

Состојки:

  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 4 лажици масло
  • 150 гр малини
  • 250 мл млеко
  • 1 пудинг од ванила
  • 50 гр маргарин

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте брашно, масло, па поделете на два дела. Растопете чоколадо па во едниот дел додајте чоколадо. 
  2. Во поголем плех од рерна ставете хартија за печење, на средина ставете лажица светло тесто, па во него темно, па светло, па темно. Така правете со ред додека не го потрошите материјалот. Протресете го плехот тестото да се разлее. Печете на 200 степени 10 минути. 
  3. Врелиот бисквит свиткајте го во ролат и оставете да се излади. Згответе млеко, додајте шеќер по желба па згответе пудинг и изладете. Маргаринот малку измиксајте го па измешајте го со изладениот пудинг. 
  4. Изладениот бисквит развлечете го, намачкајте со крем, наредете малини по целата површина и повторно свиткајте во ролат. Оставете добро да се излади па сечете на парчиња.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text