Појадок за 10 минути додека сите спијат – ќе замириса цел стан

Појадок за 10 минути додека сите спијат – ќе замириса цел стан

Вкусен и брз појадок за 10 минути. Додека сите спијат ќе биде готов и сите ќе ги намами со мирисот.

Состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 4 лажици путер
  • 1,5 лажички прашок за пециво
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 250 мл. кисело млеко
  • сол
  • бибер
  • 400 гр. салама
  • сирење

Начин на подготовка:

  1. Во брашното се додава исечениот путер, прашок за пециво и сода бикарбона, кисело млеко и сол и бибер.
  2. Се замесува тесто.
  3. Се става тестото на побрашнета површина и се прави квадрат, па се става на него салама исечена и сирење изронето.
  4. Се прави ролат или некоја форма, и се сече на подебели парчиња кои се печат во плех со хартија на 190 степени 20 минути.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Преку 20 мафини од една смеса

Бургер погачи

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее