Пилешко со печурки на кинески начин

Пилешко со печурки на кинески начин

Кинеско јадење кое можете да го подготвите сами дома.

Состојки:

  • 400 гр пилешко филе
  • 1 лажица густин
  • 200 гр шампињони
  • 50 мл масло
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка исечкан ѓумбир
  • 1 лажичка зачин
  • 1/2 лажичка сол
  • неколку капки сусамово масло

Начин на подготовка:

  1. Месото исечкајте го на тенки резанки и измешајте го со густин. Исчистените шампињони исечкајте ги на тенки листови. На врело масло испечете го месото и извадете го. На истата маснотија додајте ги шампињоните па и нив испечете ги. 
  2. Вратете го месото во садот со шампињони, додајте исечкан лук, ѓумбир, зачин, сол и сè добро измешајте. На крај додајте сусамово масло.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text