Вкусно и брзо: Запечени компири со модар патлиџан и кисело млеко (Видео)

Вкусно и брзо: Запечени компири со модар патлиџан и кисело млеко (Видео)

Брзо и лесно подгответе лесен летен ручек…

Состојки:

  • 1/2 кг компири
  • 2 млади модри патлиџани
  • 200 гр сирење
  • 100 мл кисело млеко
  • 2 јајца
  • масло
  • сол
  • бибер
  • 4 чешниња лук
  • 1 мала главица кромид
  • 1 лажичка црвена пипер
  • зачин
  • кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Компирите и модрите патлиџани исчистете ги и исечкајте ги на кругови. Посолете ги и додајте малку зачин, масло, бибер и пипер. Сè измешајте. Сирењето издробете го, додајте издробен лук и јајца и сè изедначете. 
  2. Намастете пекач со масло, наредете малку компири и кромид сечкан на кругови, па сирење и јајца, компир, сирење, компир… и од горе залијте со остатокот од сирењето и јајцата. На крај изрендајте кашкавал. 
  3. Печете на 200 степени околу 45 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт