Домашна, традиционална кисела чорба која го закрепнува и го чисти телото

Домашна, традиционална кисела чорба која го закрепнува и го чисти телото

Ништо подобро од чинија добра чорба после напорен и тежок ден. Било дали е од зеленчук или месо, чорбата едноставно враќа во живот!

Состојки:

  • 1 пиле (1,5 кг)
  • 1 голема главица кромид
  • 2-3 моркови
  • целер со големина на јајце
  • 2 ловорови листови
  • 1/2 шолја ориз
  • 2 лимони
  • 3-4 жолчки
  • 150-200 мл павлака
  • магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во длабок лонец ставете пиле и налијте 4-5 литри вода. Посолете и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие намалете го огнот и тргнете ја пената која се прави. Кога ќе ја тргнете пената, додајте исечкни моркови, ловор и целер, па оставете да се готви. Кога пилешкото ќе се зготви со зеленчукот, извадете го пилето па извадете ги коските и кожата, иситнете го месото и вратете го во лонецот. Додајте и ориз.
  2. По 15 минути готвење, измешајте сок од лимон со жолчки, додајте павлака и добро соединете. Полека ставете ја таа семса во лонецот со мешање. Посолете и побиберете по вкус. Додајте магдонос и послужете ја пилешката чорба додека се уште е топла.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*