Универзална кора за сите торти: Една единствена смеса за секој десерт

Универзална кора за сите торти: Една единствена смеса за секој десерт

Само 5 состојки се доволни за секогаш добра слатка подлога.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 40 мл масло
  • 130 гр брашно
  • 10 гр прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Јајцата разматете ги со миксер речиси да побелат и потоа додајте шеќер. Потоа додајте масло и брашно со прашок за печиво (кога ќе додавате брашно мешајте со шпатула). 
  2. Тестото за кора ставете го во калап за торта или тепсија со пречник од 24 см, кој сте го обложиле со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени 40-45 минути, додека чепкалката со која проверувате не биде сува. 
  3. Се пече со вклучен долен греач речиси до самиот крај на печењето. Во последните 5-10 минути се вклучуваат двата греачи. 
  4. Добро изладената кора се сечи на 2 или три дела, во зависност од рецептот, или количината се намалува доколку ви е потребна само една.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*