Ролат од мелено месо

Ролат од мелено месо

Вкусно јадење од телешко месо…

Состојки:

  • 500 гр мелено телешко месо
  • 6 јајца
  • 2 лажици презла
  • 150 гр салама Пекабеско
  • 3 лажици павлака Пекабела
  • 2 лажици млеко
  • 15 гр путер
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Телешкото посолете го и побиберете го, додајте две јајца и презла, сè добро измешајте и на фолија развлечете како кора. 
  2. Разматете четири јајца, додајте млеко и на загреан путер испржете како омлет, но само од едната страна. 
  3. Непечената страна од омлетот распоредете ја преку месото, а омлетот посипете го со ситно сечкана салама измешана со павлака. 
  4. Свиткајте го месото во ролна и печете го во загреана рерна. 
  5. Печениот ролат исечкајте го на тенки парчиња и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text