Кулоф со цимет

Кулоф со цимет

Благодарение на циметот овој куглоф освен што има одличен вкус има и интересен изглед.

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • 1 кесичка квасец
  • малку сол
  • 3 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 150 гр топло млеко
  • 200 гр путер
  • 2 жолчки
  • 3 лажички цимет

Начин на подготовка:

  1. Замесете тесто од брашно, квасец, малку сол, јајца, 1 лажица шеќер и млеко. Оставете на топло место околу 45 минути, да нарасне. Разматете 175 гр путер, жолчки и 100 гр шеќер, па измешајте во тестото. Оставете да нарасне уште 30 минути. Поделете ја масата на два дела. 
  2. Измешајте цимет и остатокот од шеќерот и додајте во половина од тестото. Намастете калап за куглоф. Развлечето жолто тесто, па преку него браун и свиткајте во ролат. Ставете го во калап за куглоф и оставете на топло место уште еднаш да нарасне околу 30 минути. 
  3. Загрејте ја рерната на 200 степени. Останатиот путер исечкајте го и наредете го преку тестото. Печете го куглофот околу 50-60 минути. Кога ќе се излади посипете со шеќер во прав.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text