Ѓувеч без месо

Ѓувеч без месо

Наша препорака за следниот ручек е ѓувеч без месо, еве како да го подготвите!

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 5 пиперки бабури
  • 3 поголеми домати
  • 1 шолја грашок
  • 1 шолја моркови
  • 1 шолја ориз
  • 3 шолји вода
  • 1 дл масло
  • сув билен зачин
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте кромид, додајте масло и малку вода, па динстајте додека кромидот не биде на половина готов. Потоа ставете го целиот зеленчук кој претходно сте го исечкале и налијте шолја вода. Доматите потопете ги во врела вода неколку минути, тргнете ги лушпите и исечкајте ги. Динстајте на тивок оган 20 минути. 
  2. Кога зеленчукот ќе биде на половина готов додајте измиен ориз, налијте две шолји вода и зачинете по вкус. Поклопете, намалете го огнот и оставете да зоврие. 
  3. Кога ќе го додадете оризот потребно е почесто да го мешате јадењето. По потреба доливајте по малку вода додека оризот не се зготви.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Полнет ананас со ориз и пилешко

Пудинг од ориз

Оризови нудли со зеленчук

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Пилешка мучкалица со ориз

Брза диета според вашата градба на тело

Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*