Економичен ручек со мелено месо и компир: 15 плескавици од една смеса

Економичен ручек со мелено месо и компир: 15 плескавици од една смеса

Вкусен ручек со мелено месо и компир кој воедо е и многу економичен.

Состојки:

  • 500 гр. мелено месо
  • 2 компири
  • 2 моркови
  • 1 главица кромид
  • 4,5 лажици брашно
  • ½ кеси прашок за пециво
  • 1 мала шолја масло
  • сол
  • бибер
  • вегета
  • магдонос
  • масло
  • малку вода

 

Подготовка:

  1. Компирот, кромидот и морковот се лупат и рендаат.
  2. Се мешаат со меленото месо и брашно, прашок за пециво, малку вода и масло, па магдонос и зачини.
  3. Се остава неколку часа во ладилник, или преку ноќ.
  4. Потоа,  се формираат плескавички со раце и се пржат на врело масло.
  5. Се оставаат да впијат маснотија во салфета.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Мусака со спанаќ

Мусака од карфиол

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*